Никол Кидман објави фотографија на Инстаграм на која е непрепознатлива!
Оскаровката Никол Кидман (54) објави фотографија од снимањето на серијата „The Expats“, а нејзините осум милиони следбеници не можат да поверуваат што гледаат! Судејќи според приложеното, Никол изгледа повторно била „под нож“!
Актерката веќе со години изгледа премногу „затегнато“ во лицето и многумина жалат за нејзината природна убавина бидејќи важеше за една од најубавите актерки во изминатите децении.
На најновата фотографија, образите ѝ се подуени, очите се воспалени и никаде нема брчки.
Овие промени веднаш ги забележаа нејзините обожаватели па многумина коментираа дека се издеформирала и дека изгледа подуено.
Никол со години негираше дека направила нешто на лицето, велејќи дека нејзиното мазно лице се должи на тоа што не пуши и постојано носи крема со заштитен фактор.
Како изгледаше Никол на крајот на 2021 година?
ФОТО: Инстаграм