Пелтечењето е говорно нарушување кое се карактеризира со често повторување и издолжување на звуците, слогови и зборови или неможност да се започне реченица. Причините се различни, од ненадејна реакција на траума до тешкотии во движењето и координацијата до оштетување на говорниот центар во мозокот.
Може да се појави на која било возраст, но најчесто се јавува во детството на возраст од две до пет години. Статистиката покажува дека со терапија околу 70 отсто од децата го надминуваат пелтечењето. Но, ова нарушување на говорот може да продолжи и во зрелоста и да биде особено изразено во стресни ситуации.
Иако повеќето тврдат дека никогаш не треба да ги завршувате речениците за личноста која пелтечи, туку да му обезбедите безбедна средина. Има поединци кои претпочитаат некој да им „помогне“ затоа што не сакаат целото внимание да биде насочено кон нив.
Ако не сте сигурни дали некому му треба помош при завршувањето на реченицата, прашајте го. Но, овие работи дефинитивно треба да се избегнуваат.
Не кажувајте им како да престанат да пелтечат
Освен ако не сте обучен логопед, не давајте совети на луѓето кои пелтечат како да престанат да пелтечат.
Не постои универзален лек за пелтечење, така што она што ви помогнало вам или на некој од вашето семејство не мора да значи дека ќе им помогне и на нив. Големи се шансите овие луѓе веќе да поминале низ терапија и да ги имаат сите релевантни информации за пелтечење. Ниту тие не им помогнаа.
Не се шегувајте со пелтечење
Иако често е познато дека комичарите го користат пелтечењето како помош за кажување шеги, тоа не е нешто за кое треба да се шегуваме.
Пелтечењето е многу исцрпувачко искуство за повеќето, а помислата дека некому сте смешни затоа што пелтечите може дополнително да ги искомплицира работите.
Не ги игнорирајте
Луѓето кои пелтечат имаат проблеми во секојдневните интеракции, поради што често се изолираат од другите. Не дозволувајте да се оддалечат од вас само затоа што се грижат како да кажат одредени реченици.
Дајте им до знаење дека сте достапни за отворен разговор. Бидете трпеливи и што е најважно слушајте што ви кажуваат, пишува Запоџена.хр