Во текот на изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот со вкупно 1.200 дечиња.
Крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката која се наоѓа на десетина метри од градскиот пазар.
Станува збор за 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол, шеќер, сирење, а штетата се проценува околу 50.000 денари.
Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации кога точно се случил грабежот и што точно е украдено затоа што градинката не работи за викенд.