More

    Што да правите ако ве фати поплава додека сте во автомобил?

    spot_img

    Силни ветрови проследени со поројни дождови и грмежи, кои резултираа со голем број на паднати дрвја, откорнати покриви и поплави, погодија неколку региони на Балканот во последните две недели.

    Од невремето настрадаа Скопскиот, Кривопаланечкиот, Тетовскиот и Кумновскиот регион, а и Битола. Пораки со предупредувања добија сите кои се наоѓаат на северот на Грција.

    Поради сето oва, добро е да знаете што треба да направите доколку ве фати поплава на пат или додека сте во автомобил.

    Останете смирени и отклучете ја вратата – Доколку дождот предизвика нагло покачување на нивото на водата на улицата, најважно е да останете смирени. Oдврзете го појасот и отклучете ги сите врати од автомобилот за да бидете подготвени за брза евакуација доколку е потребно.

    Паркирајте настрана

    Доколку е изводливо, автомобилот треба да се паркира настрана од патот и да се почека водата да се повлече од патот. Ова е најсигурната опција ако процените дека водата нема бргу да се подигне.

    Оставете го возилото доколку се заканува опасност

    Доколку постои можност нивото на водата да ја надмине висината на тркалата на автомобилот, најдобро е да го напуштите возилото за да ја избегнете можноста да бидете „заробени“ во автомобилот. Повикајте помош на телефон и засолнете се на побезбедно место, по можност на високо место или на покривот на автомобилот доколку е потребно.

    Проверете ја временската прогноза пред да тргнете

    Пред да започнете со патувањето, задолжително проверете ја временската прогноза за да избегнете лошо време и потенцијални несреќи додека возите.

    Откако невремето ќе престане, а водата ќе се расчисти, важно е да не пробувате сами да го вклучувате или да го преместувате возилото, доколку во него навлегла вода. Повикајте шлеп служба за да може да провери мајстор дали сѐ е во ред со моторот, маслото и со сите останати делови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img