More

    Шпанците открија кој ја освои Златната топка за оваа година

    spot_img

    Парискиот Théâtre du Châtelet ќе биде домаќин на церемонијата на доделување на Златната топка на 28 октомври, каде ќе биде доделена наградата за најдобар играч во светот.

    Угледната Марка пренесува дека победникот е веќе познат и дека играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор ќе ја однесе титулата најдобар фудбалер на светот.

    Доколку пишувањето на шпанските медиуми се покаже како точно, тоа ќе биде најголемата индивидуална награда во кариерата за 21-годишниот Бразилец. Иако многумина го отпишаа и сакаа да го сместат во рубриката на најголемите неуспеси на „кралскиот клуб“, Вини доживеа голем напредок од 2021 година и се позиционираше меѓу најдобрите напаѓачи во светот.

    Главни претенденти за Златната топка оваа година беа ѕвездата на Манчестер Сити, Родри, кој беше прогласен за најдобар фудбалер на Еврото, како и соиграчите од Реал Џуд Белингем и Дани Кравахал.

    Инаку, досега информациите на Marca кога е во прашање Златната топка во повеќето случаи се покажаа како точни.

    „Бразилецот целосно ја заслужи етикетата за најголема ѕвезда на церемонијата во Париз на 28 октомври. Не му беше лесно да го достигне врвот на фудбалскиот свет“, пишува Марка на насловната страница, каде има фотографија од бразилскиот фудбалер со наслов: „Сите патишта водат кон злато“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img