Шпанско живописно село се продава за 560.000 евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шпанското село Салто де Кастро кое зафаќа површина од 6.000 квадратни метри, има 44 куќи, кафеана, црква, училиште, дури и гостилница и нема ниту еден жител се продава за 560.000 евра.

Селото го продава градежниот бизнисмен Оскар Торес од Толедо, кој лани го купи за 300.000 евра и  реновира некои објекти во него.

Салто де Кастро се наоѓа во провинцијата Замора, помеѓу ретко населениот регион Кастилја и Леон, блиску до шпанско-португалската граница. Од најисточната точка на Португалија е оддалечен само 100 метри.

Селото било изградено во 1940 година од компанија која градела брана и било наменето за сместување на  работниците кои ја граделе. Луѓето го напуштиле селото во 1989 година, а куќите останаа празни. Никој повеќе од 30 години не се вселил и не ги користел. Се состои од 44 куќи, меана, црква, училиште, базен, спортски центар и поранешна полициска станица. Всушност има сè што би очекувале во стандардно шпанско село. Единствено што му недостига се жителите.

Хидрокомпанијата потоа во 2000 година го продала селото на семејство кое имало намера да го претвори во туристичко место. Меѓутоа поради кризата од  2008 година, семејството се откажа од намерата и го стави на продажба.

Според студија направена од поранешните сопственици, инвестицијата што е потребна селото да почне да функционира и да почне да биде профитабилно би изнесувала околу 2 милиони евра.

Share This Article