More

    Шпанските медиуми објавија шокантна информација дека Исламската држава се заканила со терористички напад на четирите натпревари од четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите

    spot_img

    Шпанските медиуми објавија шокантна информација дека Исламската држава се заканила со терористички напад на четирите натпревари од четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите . На социјалните мрежи се појави грозоморна фотографија (објавена од фондацијата „Ал Азим“) која зборува за наводната намера на Исламската држава да нападне четири стадиони на кои се играат натпреварите од Лигата на шампионите: „Емирати“ во Лондон, „Паркот на принцовите“ во Париз и „Метрополитен“ и „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

    Властите во Шпанија се информирани за вознемирувачката порака која се шири на социјалните мрежи и ја објавува споменатата фондација „Ал Азим“, а како што пишува шпанска „Марка“, засега нема причина за преголема паника. Веќе се е пријавено во полиција и информирани се разузнавачки служби, а сите четвртфинални натпревари во ЛШ се оценети како натпревари од „висок ризик“.

    За разлика од Лондон и Париз, за ​​ова многу повеќе се зборува во Шпанија, каде „Марка“ пренесува дека утрово ќе има состанок на безбедносните служби на кој ќе се одлучи дали треба да се преземат дополнителни мерки за да се обезбеди безбедноста на сите учесници во натпреварот. Затоа сите погледи се вперени во Мадрид, кој за 24 часа ќе организира два натпревари, Реал Мадрид и Сити, па Атлетико и Дортмунд, а се очекува наплив на голем број навивачи.

    Инаку, фондацијата „Ал Азим“ служи за објавување на пораките на Исламската држава, но многу фанови сметаат дека тоа е само закана за создавање паника, бидејќи сметаат дека не би ги откриле однапред своите намери.

     

    УЕФА се огласи во врска со заканите на Исламската држава дека ќе има терористички напади на натпреварите од Лигата на шампионите. Во кусото соопштение УЕФА потврди дека навистина има информации за потенцијален напад на четирите стадиони на кои се играат четвртфиналните натпревари, но дека нема опасност за гледачите.

    „УЕФА е свесна за наводните терористички закани кои се упатени пред натпреварите од Лигата на шампионите оваа недела и тесно соработува со властите на земјите каде што се играат овие натпревари. Планирано е сите натпревари да се одржат според веќе воспоставена програма со соодветни безбедносни мерки“ – стои во објавата од УЕФА испратена неколку часа пред натпреварите кои почнуваат вечерва од 21 часот, меѓу Арсенал и Баерн во Лондон и Реал Мадрид и Манчестер Сити во Мадрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img