Шпанскиот тенисер Рафаел Надал најави дека по подолгата пауза, ќе се вратите на терените на почетокот од следната година.
Зборувајќи за тоа кое сценарио најмногу ќе му одговара на шпанскиот тенисер за повторно враќање во врвот на светскиот тенис, неговиот чичко кој воедно му е и тренер, Тони Надал се пошегува дека тоа ќе биде ако се повредат неговите ривали, Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Данил Медведев.
-Рафа игра добро, тренира, го гледав во претходните денови и станува сè подобар. Меѓутоа, ќе ни требаат повреди на Новак, Карлос и Данил, тоа ќе му помогне. Секако дека се шегувам. Се надевам на добра година за Рафа – рече Тони Надал.