Шпанскиот парламент гласаше против признавањето на независноста на Косово

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратениците на Долниот дом на шпанскиот парламент гласаа против признавањето на самопрогласената независност на Косово.

Против оваа иницијатива гласаа 293 пратеници, за неа се изјаснија 25, а воздржани 27 пратеници, пишува РТС.

Иницијативата за признавање ја покрена пратеничката група на каталонската партија Јунтс, а беше поддржана од баскиските партии.

За време на дебатата, која се одржа во вторникот, пратениците на Народната партија (ПП), партијата Вокс и Социјалистичката партија на Галиција се изјаснија против иницијативата. Против гласаа и членовите на владејачката Социјалистичка партија.

Шпанија е една од петте земји од Европската унија кои сè уште не ја признале независноста на Косово.

Се смета дека главната причина за непризнавањето е поврзана со односот на Шпанија кон аспирациите на нејзиниот североисточен регион, Каталонија, да стане независен.

Share This Article