Шпанската полиција заплени стотици археолошки артефакти, вклучувајќи морски фосили, керамика од бронзеното време и оружје од 18 век.
Сите предмети се пронајдени во две куќи во југоисточната провинција Аликанте, пренесува CNN.
Во тие куќи се запленети и повеќе од 200 остатоци од човечки коски, од кои некои се стари меѓу четири и пет илјади години, се вели во соопштението на шпанската полиција.
Запленувањето уследи по повеќенеделна истрага, која ја доведе полицијата до една од најголемите, како што наведоа, „нелегални приватни археолошки збирки“.
Две лица се под истрага за злоупотреба на предмети од уметничко, историско и научно значење, додаваат од полицијата.