Шпанија не сака да чуе за признавање на Приштина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за надворешни работи на Шпанија денеска соопшти дека Косово и Палестина се различни случаи и затоа Шпанија не го менува ставот по прашањето за непризнавање на независноста на Косово, иако претходно денеска ја призна државата Палестина, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ситуацијата во Палестина е поинаква. Признавањето на државата Палестина не влијае на територијалниот интегритет на Израел, бидејќи таа територија никогаш не била правен дел од државата Израел – истакна Елена Алјарила Кортезон, советник за медиуми во шпанското Министерство за надворешни работи.

Таа нагласи дека одлуката на Шпанија да ја признае државата Палестина е донесена во согласност со меѓународното право, принципите на Повелбата на Обединети нации и резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Словачка и Романија, која не ја признава независност на Косово.

Претходно денеска Шпанија, Ирска и Норвешка ја призна државата Палестина, која ги опфаќа Појасот Газа и Западниот Брег, обединети под палестинската национална управа, со источен Ерусалим како главен град.

Share This Article