More

    Шпанија го раскина договорот за набавка на муниција од израелска компанија

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи на Шпанија денеска соопшти дека го раскинало договорот за набавка на муниција од израелската компанија Гардијан.

    Полицијата имала намера да купи повеќе од 15 милиони куршуми од девет милиметри од Гардијан за шест милиони евра.

    Мадрид одлучи да ја прекине продажбата на оружје на Израел во октомври минатата година, кога започна војната на Израел против палестинската организација Хамас во Појасот Газа.

    Шпанската влада останува посветена да не му продава оружје на Израел. Иако во овој случај се работи за набавка на муниција, МВР поведе управна постапка за откажување на набавката, се вели во соопштението.

    Утврдено е и дека израелските компании ќе бидат исклучени од сите тендери, пренесува Ројтерс.

    Шпанскиот премиер Педро Санчез пред две недели побара од членките на Европската унија да го прекинат договорот за слободна трговија со Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img