More

    ШОН ПЕН ОТКРИ ДАЛИ ЈА ТЕПАЛ МАДОНА СО БЕЈЗБОЛ ПАЛКА

    spot_img

    Актерот и режисер Шон Пен неодамна во интервјуто за „Њујорк тајмс“ се осврна на добро познатите гласини – дека во 1987 година со бејзбол палка ја удрил својата поранешна сопруга, пејачката Мадона. Нивниот секако турбулентен брак траеше од 1985 до 1989 година, меѓутоа, споменатиот удар никогаш не се случил.

    – Специјалната единица на полицијата дојде кај мене дома – рекол Пен, додавајќи дека тоа било во моментот кога Мадона на полицајците им рекла дека чуваат оружје во куќата.

    – Им реков: „Јас нема да излезам никаде. Сакам да го завршам појадокот“, а потоа почнаа да кршат по куќата и така влегоа внатре. Ми ставија лисици и ме одведоа во притвор – сè уште памети Пен.

    Актерот зборувал и за гласините дека ја „врзал Мадона како мисирка“ и дека еднаш ја поминал ноќта со жена која го прашала дали ја удрил Мадона со бејзбол палка.

    – Не знаев за што зборува – рекол Пен.

    – Сега мислам дека е фер да се каже дека не сум најдоброто момче на светот. Но, ако го удрам Мајк Тајсон во глава со бејзбол палка, тој ќе оди во болница. Мадона е некоја што ја сакам – додал Пен и нагласил дека разводот останале во пријателски односи, ставајќи крај на приказните за наводното злоставување.

    Згора на тоа, и самата Мадона се обиде да го одбрани пред околу 10 години, велејќи гласно дека приказната е „огромна лага“.

    – Имавме многу остри дискусии, но тој никогаш не ми ги врзал рацете, не ме удрил и не ме нападнал на кој било друг начин – рекла Мадона и додала дека Пен е навистина исклучително грижлив човек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img