More

    Шолц се залага за посилна и „геополитичка“ Европска Инија во контекст на руската инвазија на Украина

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц се залага за посилна и „геополитичка“ Европска Инија во контекст на руската инвазија на Украина.

    Во изјава за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германскиот лидер ја повика Унијата да ги збие редовите во сите области каде што земјите-членки се поделени, од миграциската политика до развојот на заедничката европска одбрана.

    За да го постигне ова, неговата влада ќе даде конкретни предлози „во наредните месеци“, рече Шолц.

    Според него, ЕУ е „жива антитеза на империјализмот и автократијата, поради што претставува пречка за владетелите како рускиот претседател Владимир Путин“.

    „Постојаното неединство, постојаното несогласување меѓу земјите-членки не слабее“, предупреди Шолц.

    Затоа, рече тој, „единството е најважниот одговор на Европа на новото време“.

    „Единството. Апсолутно мора да го одржиме и мораме да го продлабочиме“, рече Шолц.

     

    Канцеларот повика и на прекин на „себичните блокади на европските одлуки од страна на одделни земји-членки“.

    „ЕУ, на пример, едноставно не може да си дозволи национални вета во надворешната политика ако сака да биде сфатена сериозно во светот на конкурентни суперсили“, рече Шолц.

    Тој додаде дека ЕУ, во меѓувреме, се развива и се шири.

    „Европската Унија е попривлечна од кога било, се отвора за новите членки и истовремено ќе се реформира“, вели во интервуто германскиот канцелар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img