Шолц и порача на Кина: Не испраќајте оружје во Русија, влијаејте таа да се повлече од Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот канцелар Олаф Шолц и порача на Кина да не испраќа оружје во Русија, туку да влијае на Москва да ги повлече своите трупи од Украина.

Разочарувачки е што Кина не го осуди рускиот напад врз Украина, но добро е што Пекинг прави напори да ја намали можноста за нуклеарен конфликт, изјави Шолц пред германскиот парламент.

„Мојата порака до Пекинг е јасна – користете го сопственото влијание врз Москва за да ги повлечете руските војници. И не му доставувајте оружје на рускиот агресор“, рече Шолц, пренесува Ројтерс.

Share This Article