Шолц и Макрон заеднички ќе се залагаат за побрзо проширување на Унијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничка статија во германското издание „Франкфуртер алгемајне цајтунг” истакнаа дека се залагаат за брз и конкретен напредок во процесот на проширување на ЕУ, јави ДПА.

„Истовремено, ние мора да обезбедиме проширената Европска унија да остане одржлива, со поефикасни институции и побрзи процедури за донесување одлуки, особено со проширување на гласањето со квалификувано мнозинство во Европскиот совет”, напишаа двајцата лидери.

Конкретно ги споменаа земјите од Западен Балкан, од кои повеќето се во различни фази од долгиот процес на пристапување во ЕУ.

Share This Article