Шокантна и мрачна изјава на директорот на познатиот медиум РусијаДенес(РТ), Антон Красовски, одекна на Твитер. На снимката Красовски во разговор со писателот Сергеј Лукјаненко вели дека украинските деца треба да бидат удавени во река.
– Треба да се удават во реката Тсина, каде што пливаат пајчиња. Само удавете ги тие деца, удавете ги. Тоа треба да се фрли во реката – изјави Красовски.
На ова писателот Лукјаненко проба да го разубеди:
– Тоа е екстремизам, ние не го поддржуваме тоа.
До темата за децата во разговорот дојде откако претходно писателот зборуваше за неговата посета на Украина кога тој бил дете:
– Првпат ја посетив Украина во 1980 година како дете. Украинските деца тогаш ми кажаа дека земјата е под окупација на Москва. И дека ако нема окупација, тие ќе живеат како Франција и дека страдаат под окупацијата. Тоа не беа мали Украинци кои зборуваа украински, тоа беа деца со руски презимиња кои зборуваа руски – рече Лукјаненко по што следеше несреќната изјава на неговиот соговорник, директорот на РусијаДенес.
Освен што е директор на РТ, Красовски во Русија е познат како ЛГБТ-активист и како прв кандидат за член на градскиот совет на Москва кој признал дека е хомосексуалец.