More

    Шок во цела Европа по одлуката на унгарскиот премиер

    spot_img

    Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска отпатува за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, само неколку дена по неговата посета на Киев, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv).

    Орбан во Москва е придружуван од шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

    Последната средба на Орбан со Путин беше во октомври 2023 година на Форумот Појас и пат во Пекинг. Унгарскиот премиер беше единствен европски политичар кој присуствуваше на Форумот.

    Орбан ги брани своите односи со Русија, наведувајќи оти дијалогот е неопходен дури и во време на војна. Будимпешта, исто така, тврди дека Унгарија е силно зависна од Русија за енергија, па затоа нема интерес за непријателски односи. Сепак, во текот на изминатите 14 години на власт, Орбан направи малку за да ја намали зависноста на Унгарија од Русија.

    Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро го критикуваше Орбан, истакнувајќи дека актуелното претседавање на Унгарија со ЕУ нема мандат да соработува со Русија во име на ЕУ.

    – Европскиот совет е јасен: Русија е агресор, Украина е жртва. Ниту една дискусија за Украина не може да се одржи без Украина – посочи Мишел.

    На веста за можна посета на Орбан на Москва со неверување реагираше и полскиот премиер Доналд Туск.

    „Гласините за твојата посета на Москва не можат да бидат вистинити, Орбан, или можат да бидат“, го праша Туск на социјалната мрежа „Х“.

     

     

    Неименуван висок дипломат на ЕУ наведе дека Орбан нѐ информирал ниту една од институциите за патувањето во Москва.

    Неколку дипломати на ЕУ ја осудија посетата, велејќи дека таа е во спротивност со актуелната политика на ЕУ и го става на ризик единството на Унијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img