Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација Димитрис Итудис поднесе оставка од функцијата на една година пред истекот на договорот.
На неодамнешниот Мундобаскет, Хелада не стигна ниту до четвртфиналето, но тоа беше тешко да се очекува, со оглед на тоа што Јанис Антетокунмпо и другите важни играчи како Слукас, Калатес …
Поголемиот неуспех беше Евробаскетот од претходното лето, кога Грција заврши на петтото место по поразот од Германија во четвртфиналето.
Сепак, како што се наведува, главна причина за разделбата е преклопувањето на распоредот на претквалификацискиот олимписки турнир со натпреварите од Евролигата.
Итудис, двократниот европски првак со ЦСКА, моментално е тренер на Фенербахче.