Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за прв пат се појави во јавноста по обидот за државен удар во Русија. Како што соопшти руското Министерство, Шојгу го проверил командното место на една од формациите во воената зона.
Руското Министерство соопшти дека шефот на рускиот воен оддел го слушал извештајот на командантот на групата, генерал-полковник Евгени Никифоров, за актуелната ситуација, природата на акциите и извршувањето на борбените задачи на руските сили.
На средбата, Шојгу ја истакна високата ефикасност на идентификување и уништување на воена опрема и непријателски персонал во тактичките области на зоната на одговорност на групата.
„Шојгу посвети посебно внимание на организацијата на сеопфатна поддршка на единиците вклучени во специјалната воена операција и на создавањето услови за безбедно распоредување на персоналот“, се вели во соопштението, а пренесе ТАСС.
Ова е прв јавен настап на рускиот министер за одбрана по задушувањето на обидот за бунт започнат од Евгениј Пригожин, кој заврши со договор според кој поранешниот шеф на Вагнер ќе се пресели во Белорусија, а неговите платеници од Вагнер групата трансфер во руската армија.
Инаку, Пригожин со месеци ја критикуваше работата на Шојгу, а не беше задоволен и од работата на Валери Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб.