Водечкиот тим на табелата во Првата македонска фудбалска лига , Струга Трим Лум попладнево загуби на гостувањето кај Победа во натпревар од 12. коло.
Поразот на стружани го искористија конкурентите за врвот Шкендија, Шкупи и Силекс.
Резултати:
Скопје – Шкендија 0:1
Победа – Струга 2:0
Работнички – Силекс 0:1
Шкупи – Тиквеш 4:2.
Вчера, Брегалница ја совлада Академија Пандев со 1:0.
Слободна во ова коло е екипата на Македонија ЃП.
Табела: Струга 25 бодови, Шкендија 22, Шкупи 21, Силекс 21, Тиквеш 16, Брегалница 15, Македонија ЃП 12, Победа 11, Работнички 11, Академија Пандев 8, Скопје 5.
Фото: МИА