More

    Шест симптоми на остеоартритис што треба да ги проверите

    spot_img

    Остеоартритисот е дегенеративно заболување на зглобовите, кое предизвикува влошување на зглобната ‘рскавица.

    Во повеќето случаи, остеоартритисот се развива кај луѓе во средината на 40-тите години и е почест кај жените и оние со семејна историја на болеста. Најчесто ги зафаќа зглобовите на рацете, ‘рбетот, колената и колковите, пренесува Index Fit.

    Симптомите на кои треба да внимавате вклучуваат:

    осетливост во зглобовите,

    зголемена болка и вкочанетост,

    зглобови кои изгледаат малку поголеми од вообичаеното,

    крцкање или пукање во зглобовите,

    ограничен опсег на движење во зглобовите,

    слабост и губење на мускулите (губење на мускулна маса).

    Како да се ублажи болката?
    Не постои лек за остеоартритис, но можете да ги ублажите симптомите. Главните третмани вклучуваат одржување на здрава тежина и редовно вежбање, што може да помогне во градењето мускули и зајакнување на зглобовите.

    Ќе ви помогне и здравото јадење и слабеењето ако имате прекумерна тежина, велат упатствата на Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS).

    Дополнителна тежина врши притисок врз вашите зглобови. Вашиот општ лекар може да ви препише или препорача лекови против болки. Покрај тоа, NHS вели дека третманите со топла или ладна облога може да помогнат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img