More

    Шест пензионери се онесвестиле на концертот на Лепа Брена

    spot_img

    Музичката ѕвезда Лепа Брена одржа два концерти во градот Неделишќе во Хрватска, кога уште еднаш покажа зошто сè уште е меѓу најпопуларните пејачки на просторот на поранешната Југославија, пренесува „Мондо“.

    Брена одржала концерти во рамките на манифестацијата „Месап есен 2022“, а многу фанови дошле да ја слушнат и видат.

    Салата била преполна, но поради проблеми со звукот посетителите не можеле добро да ја слушнат, па Брена се обидела да го реши проблемот, но не успеала.

    На концертите на Брена присуствувале бројни генерации – деца, тинејџери, нивните родители, баби, дедовци… Според пишувањето на медиумите, во нејзините песни уживале и голем број пензионери, а на една од нив реагирала итната помош. Шест пензионери паднале во несвест, додека еден ја прескокнал оградата и се качил на бината. Обезбедувањето реагирало, но Брена побарала да не го допираат, па тој останал на сцената и одблиску ја гледал музичката ѕвезда и уживал во нејзиниот концерт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img