Најмалку шест лица загинаа во лавина предизвикана од уривање на глечер во северниот дел на италијанските Алпи.
Како што јави Би-Би-Си, надлежните служби соопштија дека се повредени девет лица, од кои двајца потешко.
Во текот на ноќта спасувачките тимови со хеликоптери и дронови бараа 19 исчезнати лица.
На видеото се гледа како ледена маса се урива по Мармолада, највисоката планина во овој регион.
„Лавина од снег, мраз и камења падна во моментот кога имаше неколку групи планинари кои сакаа да се искачат. Се уште не се знае точниот број на планинари“, изјави портпаролката на итната помош Микела Канова.
Повредените планинари се пренесени во неколку околни болници.