Шеснаесетгодишната Јована ја испеа „Не плачи мајко, не жали“

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Они што ја сакаат и ја чуствуваат Македонија како своја татковина, без разлика каде во моментов се наоѓаат на планетата Земја, сигурни сме дека ги лазат морници по целото тело кога го слушаат музичкото ремек-дело кое беше промовирано пред неколку дена со наслов „Не плачи мајко, не жали“.

Младата Јована Богдановска (16) од тетовско Брвеница е интерпретаторот на оваа стара македонска патриотска песна, која особено беше актуелна во 2001 година, а се разбира и наназад низ годините.

Не само што талентираната Јована ја изведува оваа песна, туку таа е носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев, а на кој ќе се најдат најубавите македонски патриотски песни.

Мора да се истакне дека овој проект кој е од големо значење за зачувување на духот и љубовта кон татковината, ќе заврши со концертна промоција до крајот на 2024 година.

– Искуството да бидам дел од еден ваков проект, од едно „РЕМЕК-ДЕЛО“ за мене претставува големо задоволство. Среќна сум што овој проект буди љубов и надеж за нашата прубава земја Македонија. Искуството беше преубаво пред се затоа што имав можност да работам со големи професионалци, а потоа и затоа што направивме нешто што ќе остане за навек. Најголем впечаток ми остави идејата и замислата која ја има продуцентот Темелко, затоа што кој и да го погледно спотот кој и да ја слушне песната не останува рамнодушен – вели младата Богдановска.

Како настанала идејата и како Јована е избрана да биде токму дел од овој голем проект, открива продуцентот Темелко…

– Пред два месеци на социјалните мрежи објавив јавен повик до сите артисти кои сакаат да творат песни со патриотска содржина да ми испратат снимки, а мегу нив беше и Јована. Да бидам искрен, не очекував буквално ништо посебно од 15 годишно девојче, но само што ја слушнав нејзината снимка, уште во првите 3 секунди го најдов тоа што го барав со години, како боја на глас и експресија… Имаше душа, имаше нешто повеќе од тонови, едноставно Јована е родена за ова. Уште одма почнав со оркестрација и разработување на песната, Јована ја изведе феноменално, буквално снимањето траеше 15 минути. Кога ја завршив песната и видов какво дело родивме се решив да направам и видео на сериозно високо ниво соодветно на песната – открива продуценетот Темелко и вели дека ова е само почеток.

Допрва следуваат проекти од ваков карактер, акои се дел од музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“.

За песната беше снимен и прекрасен видеоспот во кој учествува професионална актерска екипа која допринесе да ја доловат суштината и пораката на стиховите во песната.

Инаку кратко по објавувањето на „Не плачи мајко, не жали“ на адреса на Јована веќе пристигнуваат покани за настапи, а она што веќе со сигурност може да се потврди е турнејата закажана за 2023 година во март во Австралија, но за тоа наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

Во студиото на продуцентот Темелко веќе привршува и новата песна, а едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека на младата Јована и се смешка блескава музичка кариера.

Share This Article