Шерон Стоун во подкастот Let’s Talk Off Camera откри дека била жртва на сексуална злоупотреба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шерон Стоун во подкастот Let’s Talk Off Camera откри дека била жртва на сексуална злоупотреба. Познатата актерка се присети на непријатен момент што се случил на почетокот на нејзината актерска кариера, раскажувајќи како поранешниот шеф на Сони и ги ставил гениталиите пред нејзиното лице кога таа отишла во неговата канцеларија на состанок во 80-те години.
Присетувајќи се на настанот, Шерон Стоун раскажа дека тогаш како млада актерка била исклучително возбудена што ќе го запознае шефот на позната продукциска куќа, но била шокирана од неговото однесување.
– Отидов во неговата канцеларија,  тоа беше некаде во 80-те години, а каучот беше на подот, се сеќавате на тоа? Тоа беа оние многу ниски џиновски каучи и колената ми беа околу вратот бидејќи сум толку висока. Тој се шеташе низ канцеларијата и ми даваше комплименти. Но потоа рече: „Пред да почнеме…“ и го извади пенисот од панталоните точно пред моето лице. Бев млада и нервозна и мојата реакција на стресот тогаш беше смеа. Почнав хистерично да се смеам и да плачам во исто време, не можев да престанам – се присетува Шерон Стоун.

Актерката додаде и дека тоа не било единствено „чудно искуство“ во нејзината кариера.
-Не знаеше што да прави, па, се разбира, се облече и излезе од собата. На крајот неговата секретарка ме изведе надвор. Но, ова не беше единственото чудно искуство во мојата кариера – енигматично заклучи на крајот од своето шокантно признание.

Шерон Стоун и претходно неколку пати отворено зборува за непријатните искуства што ги имала во кариерата. Во едно интервју од 2018 година, на новинарско прашање дали некогаш доживеала сексуална злоупотреба, познатата актерка одговори: „Можете само да замислите што сѐ се случувало во мојата 40-годишна кариера“.

Share This Article