Пејачката Шер е обвинета дека најмила маж да и го киднапира синот од хотелот во кој престојувал со сопругата минатата година.
Како што пренесува Би-Би-Си, во судските документи поднесени од сопругата на Илија Блу, Алмана Марјанџела Кинг, се наведува дека четворица мажи го „отстраниле“ од хотелска соба во Њујорк, на нивната годишнина во ноември 2022 година.
Двојката наводно била во хотелот во обид да го спаси својот брак по поднесувањето барање за развод во 2021 година.
Според судските документи, г-ѓа Кинг изјавила дека таа и Алман поминале 12 дена во хотелот „работејќи на нивниот брак“.
Меѓутоа, „откако поминавме 12 дена заедно во Њујорк, на 30 ноември 2022 година, ноќта на годишнината од нашата венчавка, четири лица влегоа во нашата хотелска соба и го отстранија (Алман) од неа“, изјави Кинг.
„Еден од четворицата кои го киднапираа ми кажа дека биле ангажирани од мајката на господинот Алман“, рече Кинг.
Исто така, во судските документи, Кинг рече дека нејзиниот сопруг се лекувал од август 2022 година во медицинска установа, но таа тврди дека не и било кажано каде се наоѓа и дека нема начин да контактира со него.
„Во моментов не знам ништо за состојбата на мојот сопруг или каде се наоѓа“, рече таа минатиот декември, додавајќи дека е „многу загрижена за него“.
Алман (47) е син на поп иконата Шер и нејзиниот поранешен сопруг, покојниот рок-музичар Грег Алман.
Тој се ожени со Кинг во 2013 година, и двајцата се музичари.
Алман претходно зборуваше за својата зависност од дрога и се бори со тоа, опишувајќи во интервју од 2014 година дека користел дрога уште од својата 11-та година.