Шела Сион-Алтреаз е единствената жива штипска Еврејка која допатува од Израел за да се поклони пред споменикот на депортираните нејзини сонародници и сограѓани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шела Сион-Алтреаз е единствената жива штипска Еврејка која допатува од Израел за да се поклони пред споменикот на депортираните нејзини сонародници и сограѓани. Таа и нејзината сестра успеале да излезат од монополот во Скопје и да не заминат во логорот на смртта во Треблинка.

И на 88 годишна возраст добро се сеќава на ноќта помеѓу 10-ти и 11 март 1943 година.
– Беше ноќ. Дојде мајка ми да ме разбуди. Јас не сакам, рано е, не сакам. Брзо стани, облечи се. Излегов, но не разбирав што се случува, имав само 7,5 години- изјави Шела Сион-Алтреаз, штипска Еврејка.

Шела денес живее во Израел, а нејзиното потесно семејство брои повеќе од 20 членови.

Ниту еден од 541 штипски Евреин не го преживеа логорот во Треблинка.

Share This Article