Шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов денеска ја презеде одговорноста за експлозијата што се случи синоќа во руска воена база на Крим, територија која е под руска контрола од 2014 година.
– Началникот на разузнавањето Буданов рече дека детонацијата на складиште за муниција на Крим е резултат на операција на Главната управа за разузнавање и вооружените сили на Украина – пишува украинскиот весник Страна.
Гувернерот на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека во вторникот вечерта избувнал пожар на воен полигон на истокот на полуостровот Крим.
Тој рече дека во пожарот нема жртви, дека патот Таврида е затворен за сообраќај, а повеќе од 2.200 лица од четири населени места се евакуираат.
Автопатот Таврида го поврзува целиот полуостров Крим и е главната сообраќајна артерија.
Еден ден претходно, во понеделникот, две лица загинаа, а едно дете беше тешко повредено во експлозија на мостот Керч, кој ги поврзува Русија и полуостровот Крим.