More

    Шефот на ЦИА раскажа за својата средба со Сергеј Наришкин

    spot_img

    Постоеше „вистински ризик“ Русија да употреби тактичко нуклеарно оружје во раните месеци од војната во Украина, откри шефот на американската разузнавачка агенција ЦИА, Бил Барнс. Тој исто така рече дека ненадејниот пробив на украинските војници во североисточниот дел на Русија ги поттикна стравувањата дека Путин ќе ги искористи најекстремните мерки, што предизвика наплив на дипломатски обиди да се реши војната, пишува ДејлиТелеграф.

    – Имаше момент во есента 2022 година кога мислам дека постоеше вистински ризик од потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје. Претседателот ме испрати да разговарам со нашиот руски колега, Сергеј Наришкин, на крајот на 2022 година за да му дадеме до знаење какви би биле последиците од тој вид на ескалација, и ние и понатаму сме многу искрени во врска со тоа – рече Барнс на настан организиран од „Фајненшл Тајмс“, зборувајќи заедно со шефот на Ми6, британската агенција за надворешно разузнавање.

    Сепак, Барнс смета дека Западот сега не треба да се плаши од нуклеарна ескалација.

    – Мислам дека не можеме да си дозволиме да бидеме заплашени од тоа штракање со сабја или малтретирање, но мораме да внимаваме на тоа – подвлекува тој.

    Што се случи во ноември 2022 година? Месец претходно, во октомври истата година, се појавија стравувања од потенцијален напад со руско лажно знаме, откако министерот за одбрана Сергеј Шојгу тврдеше дека Украина ќе користи радиоактивна „валкана бомба“.

    Руските државни медиуми тогаш тврдеа дека Киев собирал нуклеарен материјал за да го користи на бојното поле во валкана бомба или „нуклеарно оружје со ниска издашност“. Тврдењата веднаш беа отфрлени од Велика Британија, додека Володимир Зеленски, украинскиот претседател, рече дека е јасно дека Русија самата планира валкани бомбашки напад.

    Во ноември 2022 година Барнс се соочи со Наришкин на, како што се сметаше, прва средба меѓу високи претставници на двете земји по целосната инвазија на Русија на Украина во февруари 2022 година. Во соопштението објавено во тоа време, Белата куќа рече: „Тој пренесува порака за последиците од употребата на нуклеарно оружје од страна на Русија и ризиците од ескалација на стратешката стабилност“.

    Зборувајќи на настанот на „Фајненшл Тајмс“, Барнс се осврна и на последните случувања со украинската офанзива во рускиот регион Курск. Според Барнс, операцијата Курск „направи вдлабнатина“ во „вообразениот и самодоволен“ став на Путин. Сепак, Барнс рече дека не гледа докази дека власта на Путин слабее.

    Исто така, шефот на ЦИА одби да се изјасни дали Иран испратил балистички ракети во Русија и рече дека таквиот потег „би бил драматична ескалација“. Сепак, тој рече дека извозот од Северна Кореја на балистички ракети со краток дострел во Русија го направи Пјонгјанг „поопасна закана“ за регионалните сојузници како Јапонија и Јужна Кореја.

    И Барнс и шефот на Ми6, Сер Ричард Мур, рекоа дека меѓународниот светски поредок е „под закана на начин каков што не сме виделе од Студената војна“.

    Во врска со самиот почеток на војната во Украина, Барнс рече дека неговата организација заедно со Ми6 обезбедила „веродостојно, рано и точно предупредување“ за планот на Русија да ја нападне Украина, истакнувајќи дека многу други западни разузнавачки агенции ги отфрлиле предупредувањата за руски напад.

    На настанот се зборуваше и за ризиците од војната во Газа. Директорот на ЦИА рече дека САД напорно работат на нови предлози за прекин на огнот во Газа, со нови „текстови и креативни формули“. Новиот план, кој е дизајниран со помош на посредници од Катар и Египет, ќе се појави „во следните неколку дена“, повтори тој.

    Според Барнс, милитантната организација Хамас уште живее затоа што, според него, тоа е идеја, а не само движење, но на Палестинците треба да им се даде нова надеж, односно „да се убие идејата со подобра идеја“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img