Шефот на агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци, Филип Лазарини, изјави дека му е забранет влезот во Газа, предупредувајќи дека ова е првпат да му се случи тоа на врвен претставник на УНРВА во историјата на постоењето на агенцијата.
Говорејќи на „Светот со Јалда Хаким“ на „Скај њуз“, Лазарини рече дека „би било лесно да се преплави Газа со храна“ – но беше спречен да влезе во опкружената област претходно оваа недела.
Тој го обвини Израел дека го издвоил и го оспори тврдењето на земјата дека му бил одбиен влез поради грешки во неговата апликација за влез.
Лазарини, кој бил многу пати претходно во Газа, вели дека тој бил единствениот член на неговата делегација на кој му бил забранет влезот од страна на израелското одбранбено тело COGAT во понеделникот.
Настанот се случува кога Израел се соочува со притисок од западните сојузници, но премиерот Бенјамин Нетанјаху останува цврсто на својата посветеност за копнена инвазија на Рафах, каде што тој тврди дека се кријат преостанатите баталјони на Хамас.
Земјата е обвинета за ограничување на протокот на помош за Газа, нешто што израелските власти го негираа, но ОН претходно соопштија дека може да се смета за воено злосторство.
Зборувајќи за Sky News, Лазарини рече: „Лесно е да се преплави Газа со храна, лесно е да се смени овој тренд“.
„Требаше да одам во Газа во понеделник. Бев во Каиро кога израелските власти ме информираа дека нема да ми биде дозволен влез во Газа и покрај фактот што на остатокот од мојата делегација му беше дозволен влез“, додаде тој.