Најмалку 8 лица загинаа во две одвоени престрелки во предградие на Чикаго, за кои е осомничен истиот човек, јавува Си-Ен-Ен. Полицијата во Чикаго започна потера по Ромео Нанс (23), кој уби 7 лица во две соседни куќи во Џолиет, јужно предградие на Чикаго, а претходно во неделата во одделен инцидент уби еден маж.
Убиениот во неделата е Тојоси Бакаре, имигрант од Нигерија, а седумте жртви се верува дека се последните во престрелката поврзана со семејството. По неговото убиство, полицијата почнала да го следи автомобилот на Нанс, црвена „тојота камри“, а кога стигнала на адресата каде што бил регистриран, ги открила телата на првите двајца, а потоа уште 5 лица. Мотивот за убиството сѐ уште не е познат, но полицијата потврди дека убиецот ги познавал жртвите. Жртвите сѐ уште не се идентификувани.
Осомничениот за масовно убиство, Ромео Нанс, бил пронајден по обемна полициска потера во близина на Наталија, место во Тексас. Таму по конфликт со полицијата се самоубил. Мотивот за убиствата сè уште не е утврден, но се знае дека Нанс ги познавал своите жртви, соопштија полициски претставници во соопштението за медиумите.
Првата жртва, 28-годишен маж од Нигерија, кој последните три години живеел во САД, бил застрелан од осомничениот од неговото возило во неделата попладне. Следното утро полицијата пронашла пет тела во куќата во која живеел осомничениот Ромео Нанс, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата. Со тоа вкупниот број на жртви се искачи на осум.
Полицијата смета дека седуммината убиени, чии тела биле пронајдени во двете споменати куќи, биле членови на исто семејство.
– Полицаец сум 29 години, ова е веројатно најлошото злосторство што сум го видел – рекол шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс, пренесуваат американските медиуми.
Началникот на полицијата во округот Вил, Ден Џанглс, изјави дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени.