More

    Шефот на израелската дипломатија му се закани на турскиот претседател

    spot_img

    Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, денеска на социјалната мрежа Икс одговори на заканите од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

    „Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши“, напиша Кац на Икс.

    Ердоган синоќа изјави дека би можел да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах.

    Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година. Тој беше соборен од западната коалиција предводена од САД. Американците го уапсија, а во 2006 година беше осуден на смрт за злосторства врз Курдите и врз шиитите. Казната беше извршена со бесење.

    Последната изјава на Ердоган, Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се тензични откако во октомври минатата година почна војната помеѓу Израел и Хамас.

    За Турција Хамас не е терористичка организација. Ердоган постојано ги обвинува и напаѓа Израелците.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img