Шефот на германскиот гигант Рајнметал ја повика Европа да произведе повеќе муниција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вашингтон испрати јасна порака до европските членки на НАТО дека повеќе не можат да се потпираат на неговата воена заштита, тврди шефот на германскиот одбранбен гигант „Рајнметал“.

Со децении, ЕУ земаше здраво за готово дека САД ќе ги спасат во случај на војна, но „тоа повеќе нема да се случи“, изјави извршниот директор Армин Папергер за „Фајненшл тајмс“.

Тој го наведе неуспехот на американскиот Конгрес да одобри континуирана воена помош за Украина како сигнал за Европа дека Американците не се подготвени да платат за нејзината безбедност.

– Ако Трамп повторно биде избран за претседател во ноември, „притисокот ќе биде поголем“ врз Германија, но ризикот сепак ќе постои без оглед на тоа кој ќе победи на претседателската функција –  рече Папергер и додаде:

– САД повеќе се фокусираат на азиско-пацифичката област отколку на Европа.

Според него доколку избие целосен вооружен конфликт во регионот, „САД ќе се фокусираат на Азија, а потоа Европа ќе биде целосно сама“.

Пепергер рече дека неговото предупредување до европските нации произлегува од неговата трајна перцепција за светот како „опасен“. Тоа, исто така, го обликуваше неговиот одговор на украинската криза и намерата на ЕУ да го зголеми производството на оружје. За разлика од луѓето на чело на другите големи производители, тој не се двоумеше да инвестира во експанзија, се наведува во извештајот на „Фајненшл тајмс“.

Откако избувнаа непријателствата меѓу Русија и Украина во 2022 година, цената на акциите на компанијата „Рајнметал“ со седиште во Дизелдорф се зголеми за пет пати. Компанијата најави дека планира да отвори фабрики за оклоп и муниција во Украина и покрај ризикот тие да бидат цел на руските сили.

Share This Article