More

    Шефот на германски производител на оружје: Времињата се сменија

    spot_img

    Шефот на германскиот производител на оружје Рајнметал е страствен ловец и во својата канцеларија чува мали модели на тенкови, а поради војната во Украина се најде во центарот на вниманието и стана важна алка во тектонската промена во германската политика за вооружување.

    Во вторникот, Армин Папергер ја зголеми проценката на приходите на Рајнметал за оваа година бидејќи компанијата треба да обезбеди лавовски дел од 100-те милијарди евра што канцеларот Олаф Шолц планира да ги потроши за модернизирање на Бундесверот.

    Во средата, канцеларот Шолц сепак одлучи да ги испрати во Украина тенковите Леопард што Рајнметал ги произведува во соработка со Краус-Мафеи Вегман. После тоа, неговата акција достигна рекордна вредност, а пазарната капитализација скокна на околу 10 милијарди евра.

    Германскиот устав забранува испорака на оружје во воените зони, но во говорот во Бундестагот по влегувањето на руските вооружени сили во Украина на крајот на февруари минатата година, Шолц најави пресврт во германската политика, испраќајќи помош на Украина, вклучително и оружје .

    Руската инвазија на Украина ги подобри деловните изгледи на Рајнметал, но промената е многу подлабока, тврди Папергер.

    „Луѓето не навредуваа и ни се закануваа. Денеска ми велат и ми пишуваат: „Фала му на Бога што те имаме“, раскажува шефот на Рајнметал во интервју за неделникот Стерн, објавено оваа недела.

    „Оружјето може да направи страшни работи, но страшни работи може да се случат ако ги немате, како што гледаме во моментов во Украина“, нагласува Папергер, инженер кој се приклучил на Рајнметал во 1990 година.

    Компанијата е основана уште во 1889 година и произведувала муниција за Германската империја и била клучен снабдувач со оружје на германската војска и во Првата и во Втората светска војна, кога била привремено национализирана.

    На потегот на владата
    Денеска произведува тенкови „Леопард“, оклопни транспортери „Пума“ и „Мардер“ и неколку видови муниција, како и делови за автомобили и турбини на ветер.

    Во Украина, Рајнметал директно испорачуваше системи за противвоздушна одбрана, муниција, воени камиони и теренска болница, а можеше да испрати и 139 тенкови Leopard Model 1 и 2.

    29-те модели 2А4 би можеле да пристигнат во Украина веќе во април или мај, додаваат тие.

    Шефот на Рајнметал има порака и до владата во Берлин.

    Воениот буџет тежок 100 милијарди евра треба што поскоро да се претвори во конкретни нарачки, нагласува тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img