Стево Пендаровски вели дека одлуката дали ќе бара втор мандат од граѓаните ќе зависи од позитивната оценка на граѓаните за неговиот досегашен ангажман како Врховен командант на вооружените сили и како претседател на државава.
– Моето натамошно ангажирање во политиката ќе зависи само од една работа. Не дали јас имам мерак да бидам на оваа позиција или на некоја друга, туку само од тоа дали мојот досегашен мандат и здравје боже до година целиот истеран мандат од пет години ќе биде позитивно оценет од граѓаните. Ако граѓаните немаат позитивно мислење пристојни бројки проценти за ова што го правам изминативе четири и пол – пет години, тогаш секако нема да ме гледате во политиката – рече Пендаровски во интервјуто за Македонското радио.
фото: МИА