Шефот на дипломатијата го осуди вандалскиот чин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, осудувајќи го чинот на палењето на автомобилот во скопски Чаир на Фејсбук вели дека автомобилот е сопственост на неговиот колега, првиот вицепремиер Артан Груби. Османи напиша:

„Револтиран сум од веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби. Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество. Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата. Мора да има одговорност за таквите постапки кои ја загрозуваат безбедноста и интегритетот на нашите демократски институции. Ние сме општество изградено врз принципите на мир, толеранција и почитување еден кон друг. Нашата сила лежи во нашето единство и заедно можеме да го надминеме секој предизвик што ќе ни се појави“..

Од друга страна, според соопштението на СВР Скопје каде за сопственик на возилото се посочува извесниот Б.Л., 35-годишник од Скопје. Медиумите напишаа дека возилото можеби е поврзано со Груби, но во негова лична сопственост.

Кога вицепремиерот Груби пак денеска се огласи на Фејсбук за синоќешниот инцидент тој рече дека му се извинува на неговиот пријател, алудирајќи дека возилото е во сопственост на негов сосед и дека е запалено пред неговата зграда во скопски Чаир.

Во анкетниот лист за имотната состојба, пак, Груби има пријавено дека поседува „Цитроен Ксара“ во вредност од 1.000 евра.

Share This Article