Им благодарам на Бугарија и Романија за добрите практики во областа на азилот и миграцијата, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата во Стразбур јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
– Двете земји се дел од Шенген пространството. Да ги примиме Бугарија и Романија во Шенген зоната без понатамошно одлагање – инсистираше таа пред европратениците во Стразбур.
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел ќе го проследи обраќањето на фон дер Лајен во Стразбур, а потоа ќе се сретне со првите луѓе на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права.