Шефицата на ЕК ја пречека Маричиќ, со Пендаровски зборуваа за уставните измени, скринингот, извештајот…

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со букет црвен тепих претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен беше пречекана на Меѓународниот аеродром Скопје. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ѝ посака добредојде. „На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ“, стои во објавата на Фејсбук профил на вицепремиерот Маричиќ.

Потоа Фон дер Лајен беше примена од претседателот Стево Пендаровски. „На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава“, велат од неговиот кабинет.

Во соопштението се вели дека било разговарано и за извештајот на ЕК за напредокот на Македонија како земја-кандидат, но и за Планот за раст на Западниот Балкан. Пендаровски се заблагодарил за поддршката и посветеноста од ЕУ за политиката за интеграција на земјите од Западен Балкан.

 

Share This Article