More

    Шеф на јапонската мафија уапсен во Њујорк

    spot_img

    Шефот на Јакузите, јапонска мафијашка група, пробал да му продаде ураниум и плутониум за правење нуклеарна бомба на Иран, а сега се соочува со доживотен затвор, пишува Би-Би-Си. Такеши Ебисава има 60 години и му било кажано дека материјалите ќе бидат префрлени во Иран.

    Ебисава во моментот е во затвор во Бруклин. Мафијашката група Јакузи која тој ја предводел е една од најпознатите во Јапонија, а има операции во Шри Ланка, Мјанмар, Тајланд и во САД.

    Одделот за правда во Вашингтон соопшти дека Ебисава и неговите „соработници покажале примероци од нуклеарни материјали во Тајланд“ на таен агент на американската Агенција за борба против дрога (ДЕА).

    Се вели дека агентот се идентификувал како дилер на дрога и оружје со врски со ирански генерал.

    Нуклеарните примероци кои пристигнаа од Мјанмар беа запленети од тајландските власти и предадени на американските инспектори. Во лабораторија во САД е потврдено дека содржат ураниум и плутониум кој е подготвен да се претвори во оружје.

    Американските обвинители тврдат дека Ебисава се обидел да набави, во име на неименувана бунтовничка организација во Мјанмар, големо количество оружје кое вклучувало проектили земја-воздух, јуришни и снајперски пушки, митралези, гранати од различен калибар и различно тактичко оружје.

    – Страшно е да се замисли какви ќе бидат последиците доколку овие напори беа успешни, а Министерството за правда ќе бара одговорност од оние кои тргуваат со овие материјали и ја загрозуваат американската национална безбедност и меѓународната стабилност – изјави Метју Г. Олден, заменик државен обвинител на САД.

    Во февруари 2020 година, Ебисава контактирал со агент на ДЕА за да му продаде нуклеарни материјали. Според американските обвинители, тој објаснил преку шифрирана комуникација дека ураниумот „не е добар за вашето здравје“.

    Во септември истата година, Ебисава испратил е-пошта до таен агент на ДЕА со приложено писмо кое го содржи името на рударската компанија. Тој понудил да продаде 50 тони ураниум и ториум за 6,85 милиони долари.

    Обвинителите, исто така, тврдеа дека Ебисава испратил фотографии од „темниот карпест материјал“ заедно со апаратот Гајгеров бројач што се користи за мерење на нивото на радијација.

    За што се обвинети Ебисава и неговиот соработник од Тајланд?

    Меѓу точките од обвинението поднесено против Ебисава е заговор за спроведување меѓународна трговија со нуклеарни материјали, заговор за увоз на наркотици, заговор за набавка, пренос и поседување противвоздушни ракети, како и перење пари.

    Тајланѓанецот Сомфоп Сингасири (61), негов соработник од Тајланд, е обвинет за трговија со дрога и оружје. Двајцата денеска ќе се појават пред федерален судија во Њујорк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img