Новиот шампион на Италија, фудбалскиот клуб Интер, доби нови сопственици.
Американскиот инвестициски фонд „Oaktree Capital Management L.P.“, го презеде клубот.
Претходниот сопственик, кинската компанија „Suning Group“, замина откако на Американците не им го врати заемот од 368.000.000 евра.
Станува збор за директен заем кој беше планиран за санирање на загубите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, со рок на отплата од три години.
Кога го потпишувале договорот за позајмица, според италијанските медиуми, двете страни се согласиле дека доколку парите не се вратат до наведениот рок, американскиот фонд да преземе најголем дел од акциите од кинеската компанија што на крајот и се случи.
Оперативниот директор Алехандро Кано откри кои се целите.
– Како нови споственици знаеме дека имаме огромна одговорност кон историјата на Интер. Посветени сме на долгорочен успех и веруваме дека нашите амбиции се поклопуваат со оние на стравствените навивачи од Италија и ширум светот. Наши први цели се оперативна и финансиска стабилност на клубот. Имаме голема почит за раководството на Интер и со нетрпение чекаме да започнеме соработка со нив – изјави Кано.
Како ќе се одрази промената на сопственоста врз успешноста на клубот, останува да видиме следната сезона.