Русинката Залија Шамигулова (29) била убиена со нож на Маурициус каде била на одмор, а својот убиец го запознала на апликацијата Тиндер!
Залија исчезнала на 17 август кога излегла од стан под кирија во близина на познатата плажа Флик-ен-Флак. На снимката од надзорните камери се гледа како таа влегува во сина Тојота сопственост на локален човек. Последен пат била видена жива, а нејзиното исчезнување го пријавил пријател кој патувал со неа.
Во периодот на нејзиното исчезнување, нејзиното семејство во Русија добивало пораки, наводно од неа, во кои пишувало дека одлучила да исчезне и дека повеќе не ја контактираат. Голото тело на Залија, со повеќе убодни рани, беше пронајдено во импровизирана гробница во четвртокот во шумата Ла Мари.
Дејли Мејл пишува дека за убиството е осомничен и приведен Пурјавирсинг Сундур (29), кој ја запознал Залија на апликацијата Тиндер. Сундур, по професија ИТ инженер, го признал убиството, а полицијата сега утврдува дали имал соучесници.
– Тој рече дека е многу заљубен во Залија и дека планира да се ожени, се наведува во полицискиот извештај, а на распитот рекол дека дознал за неверството на новата девојка. Во саботата ја однел да го види островот, но во напад на љубомора извадил нож и брутално ја убил, а потоа ја соблекол и го закопал нејзиното тело – пишува во магазинот.
Залија од Маурициус редовно се огласувала на социјалните мрежи, а пет дена пред исчезнувањето објавила фотографија од свадба на која гостувала. Се претпоставува дека на свадбената церемонија отишла со својот иден убиец.
Во 2014 година, Залија Шамигуолова го носеше факелот пред Зимските олимписки игри во Сочи. Таа беше универзитетски професор од Чељабинск на Урал, а во септември требаше да отпатува за Мадагаскар.
На социјалните мрежи е објавена снимката од надзорна камера на денот кога Залија последен пат била видена жива и кога влегла во автомобилот на своето момче.
На социјалните мрежи се споделуваат и информации дека Пурјавирсинг Сундур и го отсекол јазикот на Залија за да не може да вреска за помош, но оваа информација не е потврдена од полицијата.