More

    Шамар од Брисел: Запрен мегапроектот на Вучиќ и Орбан!

    spot_img

    Европа го блокираше големиот проект на Александар Вучиќ и Виктор Орбан, брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта, пишува Нова.рс.

    Во Унгарија за ова се зборува долго време, но сега и во Србија е се појасно дека нивната модерна железничка линија, која со полна брзина напредува од Белград кон север, би можела да заврши сред Војводина.

    Сериозни индиции дека проблемот постои се појавија есента 2023 година, кога унгарските медиуми објавија дека кинеските изведувачи не можат да градат согласно европските стандарди, пишува Нова.рс. Во февруари пристигна информација дека дел од работите кај Будимпешта се прекинати.

    Работите беа практично само во предградијата на главниот унгарски град. На српскиот дел од делницата се работи многу, забележува српскиот портал, но тешко дека наскоро ќе се остварат најавите за двоиполчасовното патување меѓу двата главни града. Се чини дека проблеми има секаде, освен во Србија. Наводно Кинезите се откажуваат од проектот, а незадоволни се и Унгарците. Имено, проблемот е што кинеските градежници не знаат како да го имплементираат европскиот систем за осигурување и контрола на возовите. Наводно, германски компании им понудиле помош за тој дел од работата, но Пекинг одбил.

    Унгарските власти не даваат изјава, но медиумите пренесуваат стравувања во јавноста дека Унгарија ќе остане во сообраќајниот метеж во Европа поради проектот. Имено, Кинезите би можеле да го завршат проектот користејќи ги нивните стандарди и да ја стават во функција пругата со поврзување на делницата во Србија, но оваа траса не би можела да се поврзе со остатокот од европската мрежа. Поради ова, ЕУ би можела да се сврти кон рутите преку Словенија и Хрватска.

    Вучиќ во декември минатата година посети дел на српска територија, најавувајќи дека пругата кон Будимпешта ќе биде завршена во 2026 година.

    Инаку, проектот започна во 2014 година и тогаш неговата вредност беше проценета на две милијарди евра. Големата најава се случи на самитот на 16 земји од Централна и Источна Европа и Кина. Проектот е дел од кинеската иницијатива „Појас и пат“ и стратешката цел на Пекинг да го поврзе грчкото пристаниште Пиреја со централна Европа.

    Должината на пругата е околу 350 километри, од кои 184 километри се во Србија и 166 километри во Унгарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img