Шакира сезонава често е присутна на трките во Формула 1. Шпанските медиуми деновиве ја открија и причината. Не е Том Круз со кого беше видена на трката во Мајами, туку Луис Хамилтон!
Пејачката Шакира и нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике беа во центарот на вниманието во последните месеци поради разделбата и неговото изневерување. Славната Колумбијка објави неколку песни во кои директно го напаѓа поранешниот партнер и ги потсетува сите нејзини фанови колку ја повредил со својата прељуба. Таа сега повторно го привлече вниманието на јавноста поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се претпоставува дека е нејзината нова љубов.
Шакира беше видена во друштво на Луис Хамилтон, кој се натпреваруваше за Големата награда на Шпанија во Формула 1, а со тоа им даде уште поголема причина на медиумите да ги подгреат гласините за нејзината потенцијална нова љубов.
Изгледаше како добро да се забавува со своите пријателки, но и дека со интерес ја следи трката, а некои коментираа дека нејзината насмевка вели дека е многу заљубена, пренесува британски „Дејли мејл“.
Набрзо потоа социјалните мрежи се појавија голем број снимки кои сведочат за среќата на Шакира, која не може да ја сокрие.
Веста за романсата на Хамилтон и Шакира кружи веќе некое време, а се започна кога атрактивната Колумбијка и поранешното момче на познатата пејачка Никол Шерцингер биле снимени во ресторан, а неколку часа подоцна биле заедно на јахта со пријателите и со синовите на Шакира, Милан и Саша.
Додека уживале на луксузната јахта вредна 20 милиони долари, папараците го фатиле моментот кога Хамилтон и помага на Шакира да се качи на јахтата. Доволно да се развие нова романтична приказна за славната пејача и за седумкратниот шампион во Формула 1.