Шпанските медиуми пренесуваат дека Шакира (46) е подготвена да се пресели во Мајами со синовите Милан (10) и Саша (8). Преселбата наводно ќе се случи за три недели, а претходно беше откриено дека пејачката сака да се пресели од Барселона, каде што живееше со нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике (36), пренесува ДејлиМејл.
– Она што ни беше кажано денес е дека таа има одреден датум да се пресели таму. Тоа ќе биде 1-ви април, ако се оди според планот. Шакира сака да го искористи пролетниот распуст во САД за да отпатува во Мајами со своите синови, за тие да можат да почнат да одат на школо кога американските ученици се враќаат на настава – рече Лаура Фа, една од новинарките која редовно известува за колумбиската пејачка.
– Оваа информација ја добиваме од најтесниот круг на поранешната двојка. Единствена пречка би било здравјето на таткото на Шакира, а добро е познато дека неговата состојба моментално е комплицирана – додала нејзината колешка Лорена Васке.