Последните неколку месеци не беа лесни за Шакира. Бројните драми поврзани со нејзината разделба со Жерар Пике и обвинувањата за даночни затајувања се само некои од скандалите, а неодамна се појавија гласини и за нејзината наводна нова љубов.
Неверствата на Пике ја направи ранлива, а откако беше потврдена неговата врска со Клара Чиа, започнаа шпекулациите за новата љубов на пејачката, пренесе „Марка“.
Пред неколку дена се појавија гласини дека е во врска со инструктор по сурфање, но Шакира категорично демантираше и испрати силна порака до медиумите за да стави крај на гласините.
„Од почит кон моите деца и ранливото време низ кое минуваат, ги молам медиумите да престанат да шпекулираат“, изјавила таа, додавајќи: „Немам партнер и ништо друго освен целосна посветеност на моите деца и нивната благосостојба.“.
Се зборува дека инструкторот за сурфање веќе долго време го подучува семејството, а го подучувал и Пике.