Пејачката Шакира повторно ја прозва, и тоа јавно, новата девојка на својот поранешен партнер Жерар Пике. Шакира даде интервју за мексиканската телевизија „Канал естрелас“ и најотворено проговори за пропаднатата врска, нејзините чувства, како и за новата девојка на Пике, Клара Чиа Марта со која ја изневеруваше додека беа заедно.
„За жените кои не ги поддржуваат другите жени е резервирано посебно место во пеколот“, жестоко почнала Шакира, која неодамна објави песна во која исто така ги спомна Клара и Пике, паотоа продолжила за тоа дека била емотивно зависна од мажите.
„Наседнав на приказната дека на жената и треба маж за да биде комплетна и сонував за семејство каде децата живеат под ист покрив со мајка им и татко им. Но соништата не можат да се остварат, но затоа животот ме награди со две убави деца кои ме исполнуваат со љубов“, изјави Шакира.
„Отсекогаш сум била емотивно зависна од мажите. Сепак, мислам дека успеав да ја видам таа приказна од друга перспектива и денес сум самата на себе доволна“, изјавила пејачката и потоа истакнала дека од оваа врска излегла посилна.
„Загубата е болна, а нејзиното прифаќање, толерирање, фрустрација и сфаќањето дека животот не секогаш го носи она што го сакаме нѐ прават посилни“, вели Шакира.
Таа нагласила дека сега зависи од себе и дека има две деца кои зависат од неа и заклучи дека е „посилна од лавица“.
За потсетување, Пике неодамна на Инстаграм ја објави првата заедничка фотографија со својата нова девојка која предизвика бројни негативни коментари бидејќи наводно ја изневерил Шакира со неа. Многумина му велеа дека „ги уништува животите на своите деца“ и дека „треба да се срами од себе“.
На социјалните мрежи се вртеа гласини дека Шакира ја открила аферата на Жерар Пике поради празна тегла џем од јагоди.
ФОТО: Јутјуб