More

    Шакира и Пике се договорија за старателството на децата

    spot_img

    Шакира и Жерар Пике се договорија за старателството над децата. Нејзиниот предлог да ги однесе нивните синови Милан и Саша во Мајами бил прифатен. А неколку дена по таа вест, таа блесна во новата кампања на модната куќа „Барбери“.

     

    Никогаш поубава и никогаш помоќна Шакира. Таа е неверојатно убава во кампањата на престижниот бренд. Мора да се признае, таа отсекогаш пленела со својата убавина, но денес е посилна од кога било досега.

    Откако се појавија веста дека таа и Жерар Пике се разделиле, а потоа почнаа да се шират гласини дека нејзиниот поранешен партнер ја изневерил, постојано се шпекулира дека кармата ќе ѝ се оддолжи на Шакира на најдобар можен начин.

    Во меѓувреме, поранешниот фудбалер на Барселона ја откри својата врска со Клара Чиа Марти, која работеше во неговата компанија, и покрај наводниот договор што го имал со пејачката да не се појавува јавно со новата партнерка една година по раскинувањето.

     

    Следеа макотрпни преговори за старателството над децата, а само петтата средба, која траеше 12 часа, вроди со плод.

    Пике сакаше момчињата да останат во Барселона, а Шакира сакаше да се пресели со синовите во Мајами.

    „Ел Периодико“ наведува дека Пике попуштил и дека Милан и Саша од почетокот на 2023 година ќе живеат со нивната мајка во Мајами. Претходно Божиќ ќе го поминат во Барселона со својот татко, а Пике кога сака ќе може да ги посети на Флорида.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img