More

    Северна Кореја се подготвува за војна? Јонг-ун нареди поголемо производство на ракети

    spot_img

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во понеделникот повика на зголемување на производството на ракети за да може земјата да добие „преголема воена моќ“ и да биде подготвена за војна, објави државната новинска агенција KCNA, додека Јужна Кореја и САД се подготвуваат за нивниот годишен заеднички воени вежби.

    Наредбата на севернокорејскиот лидер дојде откако тој ги посети клучните капацитети во петокот и саботата во кои се произведуваат ракети, платформи за лансирање ракети, оклопни возила и артилериски гранати и неколку дена пред почетокот на американско-јужнокорејските воени вежби, во кои Пјонгјанг гледа „подготовки за војна “.

    Поради ова, Ким Џонг-ун бара масовно производство на различни видови оружје, додека зголеменото производство на ракети го гледа како задоволување на потребите на воените единици на линијата на фронтот, пренесува КЦНА.

    „Квалитативните нивоа на воени подготовки зависат од развојот на индустријата за муниција“, рече тој. За време на неговата посета на фабриките, Ким Џонг-ун возеше ново оклопно борбено возило и го пофали напредокот во модернизацијата на производството.

    Постои „итна потреба од експоненцијално зголемување на производството на ракети за да се зајакнат нашите единици на фронтот. Нашата армија мора да обезбеди доминантна воена моќ и да биде подготвена да води каква било војна во секое време, за да не се осмелат непријателите да употребат сила, во спротивно ќе бидат уништени“, рече севернокорејскиот лидер, пренесе КЦНА.

    Јужна Кореја и САД најавија дека ќе спроведат воени вежби во последните 10 дена од август за да можат да одговорат на растечките нуклеарни и ракетни закани кои доаѓаат од северот на Корејскиот полуостров.

    Заедничките воени вежби на двата сојузници мобилизираа десетици илјади војници од двете страни, а Северна Кореја ги смета за проба за нуклеарна војна.

    „Вежбите се суштински елемент за одржување на силна одбранбена положба во случај на вонредна состојба, тие се апсолутно неопходни за одговор на растечката воена закана од Северна Кореја“, одговори полковникот на јужнокорејската армија Ли Сунг-Џун.

    Од друга страна, САД ја обвинуваат Северна Кореја дека и испорачува оружје на Русија во војната со Украина, што тие го негираат.

    Лидерите на Јужна Кореја, САД и Јапонија наскоро ќе се сретнат на трилатерален самит во Кемп Дејвид на 18 август, кога ќе разговараат за повеќе прашања, како што се Северна Кореја, безбедносната соработка, војната во Украина итн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img