Северна Кореја повторно испрати стотици балони натоварени со ѓубре кон својот јужен сосед. Oва ја врати во игра размената на балони, пишува Си-Ен-Ен. Околу 330 балони летаа од Северот кон Југот од саботата навечер.
Од нив околу 80 слетале во Јужна Кореја, соопшти во неделата Здружениот началник на Генералштабот на Сеул (ЈЦС).
Отпадната хартија и пластика биле пронајдени во пакувањата и немало материи опасни за безбедноста, соопштилие од штабот.
Од 28 мај, околу 1.060 балони од северот влегле на територијата на Јужна Кореја, според извештајот на Си-Ен-Ен.
Претходно, јужнокорејските активисти испратија пловечки пакети во другата насока, а во нивните балони имаше УСБ-стикови полни со музиката К-поп каракатеристична за југот.
Советот за национална безбедност на Јужна Кореја во неделата одржа итен состанок за да разговара за одговорите на последниот бран балони.
Минатата недела Пјонгјанг тврдеше дека испратил вкупно 3.500 балони со 15 тони ѓубре на својот сосед, според државниот медиум КЦНА. Јужнокорејците одговорија со тоа што преку звучник емитуваа емисија на Северот.
Ким рече дека балоните биле „строго одговорен чин“ на долгогодишната практика на Јужна Кореја да испраќа балони со летоци против Северна Кореја на друг начин.
Спорот со балоните трае со децении, пишува Си-Ен-Ен. Северот и Југот се отсечени еден од друг откако Корејската војна заврши со примирје во 1953 година. Тие сè уште се технички во војна.
Во минатото војската на Јужна Кореја се залагаше за пропагандните преноси како дел од психолошката војна против Северот. Тоа беше така сè додека земјата не ја повлече опремата по самитот меѓу соседите во 2018 година.